САД загрижени од големиот број на Косовци во ИД

Радикализмот и учеството на Косовците, мажи и жени, во редовите на „Исламска држава“ предизвикува голема загриженост и во американскиот Стејт депатмент. Неговите функционери упатуваат повик на овој предизвик и со овој проблем да му се пристапи заеднички, пренесува весникот „Зери“.

Високиот претставник на Стејт депарментот Том Јаздгерди во интервју за весникот вели дека Косово има најмногу припадници во ИД по глава на жител.

- Тоа претставува голема загриженост, зашто Косово има најголем број прпадници на ИД по глава на жител. Сметам дека ова е едно комплексно прашање и оти тоа не е нешто што може лесно да се реши.Тоа треба да се нападне од многу нивоа.Владата на Косово направи некои добри работи,пред се имаат потребна легислатива и донесоа закон за оние кои заминуваат во туѓи војни, вели тој.

Јаздгерди додава дека за времето кое го поминал во Косово,како заменик амбасадор на САД во 2009 година не го забележал ова ниво на распосланост на верската екстремна идеологија.

- Економските и други проблеми го зголемуваат потенцијалот на млади да се приклучат кон ИД. Ова многу комплексно прашање, не е нешто што лесно се решава, изјавил тој.

Инаку на страната на ИД се борат најмалку 300 Косовци, дел од нив таму сезаминати заедно со сопругите и децата.До сега официјално е потврдено дека се убиени педесет.

 
 
16.12.2015 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега