Не е лошо: Колку се заработува во Македонија за еден час

Просечната бруто-годишна заработувачка за 2014 година во Македонија изнесува 397.739 денари, додека просечната бруто-месечна заработувачка за октомври 2014 изнесува 31.590 денари. За еден час, во Македонија просечно се заработува 174 денари. Ова се дел од податоците на државниот завод за статистика за структурата на заработувачката за 2014 година.

Мажите заработуваат повеќе од жените, според податоците. Просечната месечна заработувачка на мажите за октомври минатата година изнесувала 32.869 денари, додека за жените изнесувала 29.979 денари.

 

Според старосните групи, најплатени се мажите на возраст над 60 години, со 37.425 денари и на 35 до 39 години, со просечно 35.311 денари месечно.

Кај жените, највисоката просечна месечна заработувачка се забележува кај оние на возраст над 60 години, со 37.561 денари  и од 55-59 години, со 31.868 денари месечно.

 
 
25.12.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега