Зголемен бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во ноември годинава е за 2,1 отсто поголем во однос на истиот месец од минатата година, а во првите десет месеци од годинава е повисок за 1,8 проценти во споредба со истиот период лани. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 2,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 2,6 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 и Капитални производи за 17,2 процента, додека опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 2,2, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 и Енергија за 2,6 отсто.

 
 
30.12.2015 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега