Со венчавка и свадбени ритуали завршува Галичка свадба

Со изведување на свадбените ритуали и со венчавката на младенците,26-годишната скопјанка Александра Крстевска и 27-годишниот мавровец Васе Ѓорѓевски во Бигорскиот манастир денеска завршува традиционалната Галичка свадба, а на неа ќе присуствува и претседателот Ѓорѓе Иванов.

Галичката свадба годинава се одржува по јубилеен 40. пат, а почна синоќа со три истрели од пушка. 

Двата дена со звукот на зурлите и тапаните на дебарските музичари „Мајовци“ се играат изворните ора, „тешкото“, „невестинско“, „свекрвино“. Меѓу покарактеристичните обичаи се и „носењето на невестата на вода“, „канењето на мртвите“, „бричењето на зетот“, „земањето на невестата“, „замесувањето на лебот“... Учесниците во поворката, во која поголемиот дел се статисти, на себе носат ракотворени стари носии, изработена во срма.

Манифестацијата е инспирирана од желбата на жителите на Галичник да ги сочуваат од заборав обичаите карактеристични за мијаците. За православниот празник „Петровден“ се случувало и повеќе десетици двојки да се венчаат во ист ден. Според галичани, причината за одржување на толку венчавки во кус период е во доаѓањето на мажите од печалба. Неретко се случувало, мажите да направат свадба и кусо време да напуштат своите сакани.

ФОТО: Курир

најчитано сега