Еве кој ќе ја забавува вечерва публиката на Охридско лето

Во рамки на Охридско лето вечер во црквата „Св.Софија“ концерт ќе одржи Пијано дуо Корољов во состав Љупка Хаџигеоргиева (Македонија) и Евгени Корољов (Русија). На програмата се дела од Брамс, Дворжак и Равел.

Пијано Дуо Корољов е оформено во 1976 година од младите пијанисти, сегашни реномирани уметници Корољов и Хаџигеоргиева. Во 1977 година тие победија на натпреварот на Музичката младина во Белград по што следеа успесите на меѓународните фестивали и натпревари за дуо пијано во Ленинград и во Екатеринбург.

Дуото Корољов има реализирано повеќе телевизиски снимки и изданија на компакт дискови. Во 2006 година нивниот искучителен запис на Шубертовата музика им ја донесе наградата „Choc” на „Le monde de la musique”. Во 2011 година е снимен компакт дискот со делата на Бах обработени од Куртаг.

Двајцата пијанисти како солисти, камерни музичари и како дуо Корољов имаат настапувано во повеќе европски земји, САД и Канада, учествувајќи на престижни фестивали. Покрај класичните дела, во нивниот репертоар се и бројните композиции на истакнатите современи творци Стравински, Барток, Месиен, Лигети, Куртаг, а нивната уметност ги инспирира денешните композитори Јевтиќ, Прошев, Зографски, Аврамовски, Плаге да создаваат дела посветени на Дуото Корољов и премиерно изведени од овие големи музичари. 

ФОТО: А1.он

најчитано сега