Избувнаа три пожари: Шок за три семејства пред празниците

Околу 19 часот и 45 минути во селото Црнилиште, прилепско, од непознати причини избувнал пожар во куќа и помошен објект сопственост на А.Ш. во кои имало 3.000 кгр. тутун и 15.000 кгр. жито при што истите биле целосно опожарени. 

Исто така, во 20 часот во селото Тркање, кочанско, од непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Б.К. и С.К. при што била опожарена покривната конструкција и покуќнината од катот. 

Во 20 часот и 45 минути во Берово на улицата „Страшо Пинџур“ од непознати причини настанал пожар во помошна просторија која ја користел В.Ф. од каде пожарот се проширил и во куќа во која биле зафатени подрумските простории, катот и покривната конструкција. 

Се утврдуваат причините за избувнување на пожарите.

 
 
31.12.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега