Фокусот на инвестициите останува: Годинава најмалку 35 странски компании ќе инвестираат

Подобрените услови за бизнис, стабилноста во економските политики и високото рангирање на Македонија во светски рамки како најповолна дестинација за водење бизнис, направија земјава да биде сѐ попосакувана дестинација за странските инвеститори. Иако првично беше најавено дека во 2015-та година најмалку 25 странски компании ќе објават дека ќе инвестираат во Македонија, изминатава година вкупно 30 странски компании соопштија дека ќе започнат бизнис во земјава.

Според надлежните, фокусот на привлекувањето странски инвестиции останува, а во новава година, најмалку 35 странски компании ќе донесат одлука за инвестирање.

„На крајот на 2014-та година ветив дека во 2015-та година ќе има најмалку 25 нови компании кои ќе објават одлука за инвестирање во Македонија, што се оствари и се надмина, и тојброј изнесува 30 компании кои одлучиле да инвестираат и јавно ги објавија одлуките. Сега можам да ветам дека во 2016-тата, најмалку 35 нови компании ќе донесат одлуки за инвестирање, и ќе ги објават. Ова го кажувам на претходно направена анализа, од преговорите кои ги имаме во понапредна фаза на преговори со голем број компании од многу земји“, соопшти премиерот Никола Груевски во Новогодишното обраќање.

И покрај политичката криза која ја одбележа 2015-та, голем број странски компании одлучија да инвестираат во земјава, а многу од нив започнаа и со реализација на планираните активности.

Американската Делфај одлучи да инвестира во зоната во Скопје и да вработи 500 луѓе. По успехот во Штип, Џонсон Контролс објави дека отвора нов капацитет во Струмица која ќе отвори 1.500 нови работни места. ГерманскиКосталофицијално почна со инвестицијата од 50 милиони евра и со првите од 1.000 вработувања кои треба да ги оствари.

Американската Ки Сејфти Системс започна со градба на својот објект во Кичево, а треба да ја заврши градбата до јуни 2016-та. Почна со работа и италијанскатаДиатек Макдиа, со која треба да се вработат 200 луѓе. Техникал Текстајл во Штип ја изгради фабриката во која треба да се вработат вкупно 1.000 луѓе.

Технохозе ја реализираше својата втора инвестиција во зоната во Скопје каде ги започна вработувањата, а Гентерм е во напредна фаза на градба на својата фабрика во Прилеп. Со план за нови 3.000 работни места во Тетово е инвестицијата од 15 милиони евра на американската корпорација Леар.

Германски Маркард ја заврши инвестицијата во Велес вредна 35 милиони евра,  во новиот капацитет ќе се вработат 600 луѓе а планираат и проширување на капацитетите. Холандската компанија Антура го отвори својот нов капацитет во Кочани, со план за 300 вработувања.

Германски Акомпласт објави дека во јануари почнува изградба на фабриката, а почеток на производството се очекува во април-мај 2016 година. АмериканскиКапкон во Скопје ја отвори новата фабрика за инфлатори за воздушни перничиња со која ќе бидат отворени вкупно 400 работни места.

Во привремениот објект започна со работа втората фабрика на Амфенол во Кочани, со што се вработија 650 лица, а по финширањето на инвестиционите дивизии нивната намера е да дојдат до 3.500 вработувања. ИталијанскиКондевоинвестира околу 30 милиони евра и гради објект кој треба да вработи над 280 невработени, а истовремено се гради и новата фабрика на германската компанијаОДВ Електрик, која ќе се изгради до јуни 2016та, и ќе се вработат 1000 невработени од Охрид и Струга. Се потпиша и договорот со Монтантегруп од Италија, со кој ќе се вработат 400 лица.

Се очекуваат нови инвестиции

Во истовреме, за прв пат две домашни компании- добавувачи на познати светски брендови, објавија дека ќе инвестираат во Технолошко индустриските развојни зони. Станува збор за компанијата Хај- Тек и компанијата ТТ Плускои заедно треба да вработат 500 невработени лица.

„Судејќи по тоа со колку компании сме во финална фаза на преговори, очекувам уште поголем број нови фабрики во 2016-тата кои ќе отворат нови работни места“, вели премиерот Груевски.

Според најавите, во јануари се очекува објава на нова инвестиција во Велескоја со рестартирање на еден постоечки објект ќе отвори нови 1.000 нови работни места.

„Ние сме најсилни во делот на економијата и најголем фокус и во иднина ќе имаме на економијата и обезбедување на подобар живот на граѓаните. Досега како резултат на заеднички труд, Светската банка на ново објавената ранг листа обзнани дека Македонија е 12-та најдобра држава во светот, и шестанајдобра држава во Европа, во однос на добрите услови за водење бизнис. Кога дојдовме во Владата, бевме рангирани дури на 94-тото место во светот“, потенцира премиерот Груевски.

Ефектите од инвестициите се видливи, извозот руши рекорди

Алек Никовски, советник за странски инвестиции на премиерот Груевски, вели дека полезноста од странските инвестиции за Македонија е повеќекратна.

„Во прв ред тука спаѓаат директните вработувања во самите фабрики кои ги отвораат инвеститорите. Покрај тоа, тука е и соработката на странските инвеститори со домашните компании. Податоците велат дека некаде околу 500 домашните компании соработуваат со странските инвеститори. Кај нив се шири обемот на работа, на производство, на услуги, а и таму има нови, индиректни вработувања. Се отвора и можност за соработка со домашните образовни институции, како универзитетите, така и средните училишта, да ги усовршат своите програми, со цел да се создаде поквалитетна работна сила. Се зајакнува и надворешната трговија, извозот од зоните расте. Воопшто, се зајакнува економијата, се зголемува производството, извозот расте. Ние сме една од ретките земји која има трговски суфицит со Германија“, објаснува Никовски.

Експертите велат дека влезот на странските инвестиции ќе придонесе и за континуиран раст на платите, раст на бруто- домашниот производ пер капита, што е индикатор за стандардот на една земја.

Дополнително, како резултат на новите инвестиции, расте извозот од технолошко индустриските развојни зони. Последните податоци покажуваат дека за првите 11месеци од годината извозот бележи раст од 26% во однос на истиот период лани, со што вредноста на извозот изнесува милијарда и 340 милиони евра. Тоа значи дека ќе се реализираат очекувањата и прогнозите на надлежните за вкупниот раст на извозот од з зоните за 2015 година. Според директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, очекувањата се извозот за 2015 година да изнесува околу 1,5 милијарди евра.

 
 
02.01.2016 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега