Крвава драма во Скопје: Ја нападнал сопругата со сатар

Скопјанец си заработи кривична пријава за обид за убиство. Според податоците од македонската полиција, 44-годишниот В.К. си заработи 30 дневен притвор бидејќи околу 3 часот влегол во спалната соба каде спиела неговата сопруга и почнал расправија, по што зел сатар и ја удрил по рацете нанесувајќи и расекотини, а потоа ја удрил и по главата и челото нанесувајќи и тешки повреди. 

Жената веднаш со возило на Брза Помош била пренесена на Ургентното одделение во Скопје каде е задржана на лекување.

Насилникот има една кривична пријава за кражба од претходно.

 

 

 

 
 
04.01.2016 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега