Жена му го загорчи животот на кривопаланчанец: Остана без 35.000 евра

Четириесетгодишна кумановка измамила кривопаланчанец дека ќе му купи камион за да вршат заеднички транспорт во земјите на Европска Унија.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

- Во текот на 2014 година, пријавената со лажно ветување го довела во заблуда Р.Н. (43) од Крива Паланка дека ќе му купи камион и ќе го регистрира на име на нејзината фирма во Република Бугарија, а потоа ќе вршат транспорт во земјите на Европска Унија, за што тој во повеќе наврати и дал вкупно 35.800 евра. Откако купила камион, пријавената не го пренела на име на Р.Н., ниту пак му ги вратила парите, се наведува во соопштението. 

 
 
04.01.2016 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега