Ограбена куќа во Аеродром

Непознат сторител за време на новогодишните празници извршил кражба во куќа сопственост на 55-годишниот И.Б. во Скопје на улицата „Ѓорге Андреевич-Кун“, при што се стекнал со пари и предмети вредни 450.000 денари.

Кражбата ја пријавил сопственикот на куќата вчера во 18 и 40 минути во Полициската станица „Аеродром“.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел пет рачни часовници, два лап топ компјутери, три таблети, два мобилни телефони и еден коверт во кој имало околу 3.000 евра, а потоа го напуштил местото на настанот. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 450.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаѓање на сторителот.

 
 
04.01.2016 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега