Струмичанец сакал да поткупи полицаец

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Т.С. (23) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

Струмичанецот, како што соопшти полицијата, на 14 декември 2015 година, на граничниот премин „Табановце“ му дал поткуп од 20 евра на полициски службеник, за да му дозволи влез во Македонија без да го пријави на царинска контрола неговото патничко возило „рено меган“ по потекло од Словенија. 

 
 
04.01.2016 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега