Новинарот на МТВ се прости од синот кој вчера беше убиен во скопски Бит Пазар

Младиот Леарт Адеми кој вчера вечер почина во старата Градска болница откако дента бил ранет со нож во срцето е син на Сами Адеми, долгогодишен спортски новинар во Македонската радио телевизија. Неговиот татко, на својот Фејсбук профил напиша: „Среќата повеќе не живее во нашиот дом. Мојот син беше прободен и убиен со нож“.

Деветнаесетгодишниот Леарт е погребан денска. Неговата прерана и насилна смрт предизвика голем интерес кај јавноста. Убиецот не е уапсен. Од полицијата велат дека интензивно го истражуваат случајот. Засега фактите говорат дека Леарт Адеми починал откако со убодна рана од остар предмет е донесено во Градската општина болница „Наум Охридски“ во Скопје.

Со него било донесено уште едно лице родено 1995 година, кое имало расекотина на главата. Неговиот другар по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

 
 
04.01.2016 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега