Викендов страшна сообраќајка во Пробиштип: Изгубил контрола и се превртел на кров

На улицата „Миро Барага“ во Пробиштип се случила сообраќајна незгода во која 39-годишниот Р.Ј. од село Шлегово, кратовско, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и излетал од патот, при што удрил во заштитна ограда на мостот, се превртел и застанал на кров покрај патот.

Според податоците од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ј.(31) од Пробиштип на која и е укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување.

 
 
10.01.2016 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега