Страшна сообраќајка во Струмица: Пожарникари ваделе бремена жена од автомобилот

Околу 21 часот синоќа на излезот од Струмица, во близина на селото Дабиле, кај бензинската на „Лукоил“ се случила страшна сообраќајка. Струмица нет пишува дека во струмичката болница биле транспортирани три лица, меѓу кои била и бремена жена.

Пожарникари биле ангажирани да ја извлечат бремената жена од еден од автомобилите, со тешки повреди на главата.

Другите двајца се здобиле со тешки повреди по телата. Сите тројца се надвор од животна опасност. 

 
 
11.01.2016 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега