Нови Детали: Бремена жена и дете тешко повредени во сообраќајката во Струмица

Бремена жена и двојче се потешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера вечерта се случи на магистралниот пат Струмица – Ново Село.

Двете се хоспитализирани на КАРИЛ, но според последните информации се надвор од животна опасност. Жената (29) која е во вториот месец од бременоста и 10 годишното девојче поради карактерот на повредите по несреќата веднаш биле пренесени на скопските клиники.

Во несреќата учествувале  „Фиат Типо„ управувано  од Ц.Т  (29) и „Опел Астра“ управувано од Т.А (23)  и двајцата од село Дабиља. Тешко повредени сопатнички се од Фиатот, додека со полесни повреди поминале двајцата возачи и сопатник во „Астрата“. Повредени се уште три лица.

 
 
11.01.2016 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега