"Дај ми Вијагра или ќе те заразам со СИДА" - хорор во Буњаковец

Околу 18 часот и 30 минути во Скопје во Трговскиот Буњаковец, поточно во аптека „Виола“, непознат сторител извршил разбојништво над вработената при што одзел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии „Виагра“. Имено, кога влегол во аптеката сторителот со шприц и се заканил за вработената дека ако не му даде пари ќе го употреби и ќе ја зарази со сида. Откако ги земал парите, сторителот ги побарал и таблетите вијагра. Кога ги зел и таблетите излегол и се упатил во правец на Универзална Сала. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
 
11.01.2016 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега