ТРАГЕДИЈА: Почина трудницата повредена во сообраќајката во Струмица

Бремената жена која беше тешко повредена во страшната сообраќајка кај Струмица, за жал и покрај напорите на лекарите, го загуби животот. Како што пишува Канал5, 29 годишната жена која пред два дена заедно со сопругот и шестгодишната ќерка имаше тешка сообраќајна незгода на излезот од Струмица, била во вториот месец од бременоста. За жал, им подлегнала на тешките повреди.

Нејзината шестгодишна ќерка и сопругот се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност на хируршкото одделение во Струмичката болница, пишува Канал 5.

За потсетување, сообраќајката се случи на патот Струмица-Дабиле, пред бензинската пумпа Лукоил каде директно се судрил автомобилот на семејството со друг автомобил.

 
 
12.01.2016 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега