Го бркале џихадисти: Сириски преварант бара азил во Црна Гора
Сириецот Али Илхан Исмаил (55), кој летово е уапсен на аеродромот во Тиват, по извршената редовна контрола е утврдено дека има лажен пасош. На судењето побарал азил и статус на бегалец, пренесува српски Блиц.
По струка бил инжењер, но неговиот идентитет сеуште е непознат за надлежните органи, кои преку турската амбасада во Подгорица се обидуваат да го утврдат неговиот вистински идентитет.
За време на судската постапка се дозна дека потекнува од Турција, има друго име и презиме различно од тоа како се претставувал, а утврдено е и дека често менувал слики на личните документи.
Меѓутоа Али Илхан има објаснување за целата ситуација. Тој тврди дека го бараат од Ал Каеда и од Исламската држава, кои наводно му го убиле целото семејство.
Останува непознато како воопшто дошол до лажни документи во Црна Гора.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа