Пожар во возот Штип-Свети Николе: Спречена голема експлозија - патниците евакуирани

Опожарена е локомотива на возот што сообраќал на железничката пруга Штип - Свети Николе во близина на фабриката на месната индустрија МИК Свети Николе, пренесува МИА.

Според првичните информаци од Противпожарната единица од Свети Николе, патниците се евакуирани, а пожарот е локализиран. Изгорени се три тони нафта кои биле во цистерната на локомотивата. 

Пожарникарите успеале да спречат да експлодира локомотивата. 

Моментно пет пожарникари од Светиниколската пожарникарска единица се на терен со две возила.

Пожарот избувнал околу 17:45 часот, а Македонски Железници ги презела патниците.

 
 
15.01.2016 - 20:03
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега