Млада битолчанка тешко повредена во сообраќајна несреќа

Битолчанка тешко повредена во сообрајаќајка, која се случила ноќеска по полноќ, заврши во болница.

Ноќеска околу 01,00 часот во Битола на ул. „Никола Тесла“ се случи сообраќајна несреќа во која автомобил марка „Рено Клио“,со битолски регистерски таблички, управуван од 24-годишниот И.Б., удрил во врата од куќа и столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 25-годишната сопатничка Т.Т. од Битола и истата итно била пренесена во болница.

Увид на местото на настанот извршила екипа од битолската полиција и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
16.01.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега