Украдени 500 евра и лап-топ од стан во Скопје

Непознат сторител ноќеска со насилно отворање на прозорец од стан сопственост на И.П.Б.(33) на ул.„Душан Тасковиќ“ во Скопје извршил тешка кражба. 

Крадецот одзел новчаник во кој имало документи и 500 евра и еден лап топ по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 60.000 денари.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
17.01.2016 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега