Драма во кафич во Куманово: Лажно пријавиле бомба

Денеска по полноќ, околу 00,20 часот, непознато лице телефонски се јавило во полициската станица во Куманово и пријавило дека во кафе-барот „Револушн“ има поставено експлозивна направа.

Полициските службеници од СВР Куманово веднаш реагирале. Поради безбедносни причини ги евакуирале сите лица и стручни лица од Одделот за антитероризам извршиле увид на лице место. Од извршениот увид е констатирано дека во објектот нема поставено експлозивна направа и се работи за лажно пријавување.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.

 
 
17.01.2016 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега