Героски распали по претседателот на ДИК

Главната медиумска перјаница на опозицијата, Бранко Героски распали по претседателот на ДИК од СДСМ, пишува Курир.

Новинарот смета дека најжестоки критики заслужува првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски

-Изгледа дека човекот има лоша навика брзо да ги менува ставовите, дури и кога станува збор за клучни прашања, како она што прецизно му било поставено во петокот – дали Избирачкиот список може да биде пречистен до 24 април. Завчера пред Хан рекол дека може, вчера подели соопштение во кое вели дека не може. Чичаковски треба да сфати дека непосредно пред изборите и за време на нивното одржување, претседателот на ДИК е најважниот човек во земјата, претставник на „изборната власт“, единствената која се егзекутира во полн капацитет. Таквиот човек има огромна одговорност и мора да се демонстрира интегритет, одлучност и храброст. Ако не може, поумно е уште сега да размисли да се повлече, освен да создава проблеми тогаш кога ќе биде најризично, пишува Героски во својата колумна за ПлусИнфо.

Тој му порачува на челникот на ДИК: „Чичаковски, внимавај, образот не се лепи со чичак трака“!

 
 
17.01.2016 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега