Хаос во Скопје: Повредени 15 лица

 

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 27 сообраќајни незгоди.

На 15 јануари, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица, од кои двајца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден возач на мопед.

На 16 јануари, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Вчера, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници и еден пешак.

Во текот изминативе три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 32 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 22 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и  се исклучени од сообраќај. Тринаесет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, шест возачи не ги почитувале правилата на првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и 22 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 99 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

По повод претстојниот верски празник Богојавление – Водици традиционално на 19 јануари на повеќе места на територијата на Градот Скопје ќе се одржи положување на светиот крст во водите на реката Вардар. Централната манифестација ќе се одржи на мостот на реката Вардар кај хотел „Холидеј ин“ со почеток во 12 часот каде што сообраќајот по ул. „Филип Втори“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, на потегот од крстосницата со  бул. „Гоце Делчев“ со крстосницата од ул. „11 Октомври“. Во истото време ќе се одржи уште една манифестација на железничкиот мост на реката Вардар во населба Хром. Сообраќајот по ул. „Васил Чакаров“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници на потегот од ул. „Плашковска“ до крстосницата со ул. „Иван Цанкар“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. 

 
 
18.01.2016 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега