Хорор по полноќ во Штип: Тешко повредени пожарникар и полицаец

Полесно се повредени еден пожарникар и еден полицаец, при интервенција за гасење пожар што се случил во стан на теритиот кат од станбената зграда на улицата „Сутјеска“ во Штип дваесет минути по полноќ. 

Командирот на Територијалната Противпожарна единица, Благој Ренџов вели дека пожарникарот се здобил со изгореници на рацете и на челото и е задржан на лекување во штипската Клиничка болница.

- Интенверниравме со две возила и осум пожарникари, пожарот е предизвикан од греалка. Мораме да апелираме до граѓаните да не ги оставаат вклучени грејните тела во текот на ноќта, со цел да не дојде по пожар, апелира Ренџов.

Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова полицаецот вдишал чад, при што веднаш е хоспитализиран во Клиничката болница во Штип.

Таа додава дека истражните органи вршат увид на местото на пожарот, а сопствениците на станот денеска  ги расчистуваат остатоците од изгорената покуќнина.

 
 
18.01.2016 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега