Рекордно поскапување - од полноќ повисоки цени за бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека цените на бензинот и дизелот од полноќ ќе се зголемат.

Горивата поскапуваат за 2,5 денари, односно три денари за литар.

 Па така, 2.5 денари ќе поскапи Еуросуперот – 95 и ќе се продава по цена од 81 денари за литар, додека за три денари поскапуваат Еуросуперот – 98, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Од полноќ новата цена на  Еуросуперот-98 ќе изнесува 83 денари за литар, на Еуродизелот 70 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 59 денари.

Ова е најголемо поскапување од почетокот на годината

ФОТО: Идивиди

најчитано сега