Македонските ракометари секогаш победуваат на Водици- нека продолжи традицијата

По двата пораза на Европското првенство нашата репрезентација ја очекува решавачкиот дуел со Србија. Ова беше и разврската како што се очекуваше, но добрите игри на Македонија особено вчерашната и испуштената шанса да се освои барем бод со домаќинот Полска донесе разочарување. Сепак тоа е веќе минато и можеше да се види добро расположение кај нашите ракометари на вечерниот тренинг.
 
- Имаме доволно време да се подготвиме. Гледавме делови од натпреварите на Србија кои ги одиграа досега и сме на добар пат да ја оствариме нашата првична цел за сега. Србија се покажа во светло издание, имаат борбеност, а за разлика од нив ние сме поискусни. Тоа е нашата шанса за пласман понатаму, изјави капитенот Кирил Лазаров на денешниот тренинг.
 
Селекторот Ивица Обрван најави нова промена во тимот бидејќи на местото на повредениот Никола Маркоски (се повреди на дуелот со Полска) во составот ќе биде Жарко Пешевски.
 
- Треба да имаме ист пристап како и на првите два натпревара. Ако може и подобро и со повеќе концентрација да дојдеме до целта и пред се да бидеме дисциплинирани во напад и во одбрана. Немавме многу време за одмор. Уште трае и опоравувањето од дуелот со Полска. Србија со Полска одигра супер натпревар, а со Франција изгледаа како да играа, а не веруваа дека можат. На тој дуел Французите немаа многу набој како против. Мислам дека и се штедеа за нашиот дуел, рече Ивица Обрван.
 
Натпреварот Македонија – Србија се игра утре во „Таурон Арена“ со почеток во 18:15 часот.
 
 
18.01.2016 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега