Криумчари во бркотница со полицијата: Превртено „Ауди“, повредени мигранти

Мешовита полициска патрола вчера утрината во реонот на селото Богородица забележала три патнички моторни возила „Ауди“ сите со скопски регистарски ознаки.

Првото возило имало улога на „чистач“, додека во другите се превезувале мигранти.

-Во координација со друга патрола направен е обид за сопирање на возилата, кои на даден знак „СТОП ПОЛИЦИЈА“ не застанале и со голема брзина наместо кон Скопје продолжиле со движење кон Валандово, при што едното возило кај раскрсницата Брајковци-Пирава-Валандово излетало од коловоз и се превртело. Возачот избегал, а со повреди се здобиле осум мигранти, кои со две амбулантни возила се пренесени во ГОБ-Гевгелија, каде им се констатирани телесни повреди. Се работи за шест лица од Мароко и две од Пакистан, информираат од полицијата.

Мешовитата патрола продолжила со следење на другото возило по регионалниот пат Струмица-Штип и во близина на с.Градошорци заедно со патрола од полициската страница Струмица било сопрено при што во возилото пронајдени се 10 илегални мигранти и тоа четири од Либија, две од Пакистан, три од Алжир и еден од Мароко, како и возачот З.Р.(28) од Скопје. Третото возило не е пронајдено.

Полицијата превзема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

 
 
19.01.2016 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега