Гореше градинка во Куманово

Избувна пожар во детска градинка во Куманово. Несреќата се случила  во 16:05 часот во Куманово на ул.„ЈНА“ бб во градинката „Ангел Шајче“. Пожарот настанал на дел од кровната конструкција кој бил во допир со метален дел од оџакот за издувни гасови од парниот котел во објект на котларата во градинката. Пожарот е изгаснат од страна на пожарникарните екипи.  Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово, а висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. СВР-Куманово превзема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 
 
19.01.2016 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега