Бугари краделе кај Клинички, добија забрана за влез во земјава

СВР-Скопје, Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција до надлежното Основно јавно обвинителство со кривична пријава го предаде лицето С.И.М.(53) од бугарскиот град Плевен, поради основано сомнение дека извршила две кривични дела џебна кражба предвидено и казниво по чл.235 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Судија на претходна постапка и одреди мерка забрана за влез во Република Македонија во времетраење од пет години, соопшти МВР.

Кривичните дела бугарската државјанка ги извршила минатиот и овој месец на подрачје на општина Центар, односно во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Првото кривично дело го извршила на 17-ти минатиот месец околу пладне во чекалната на ЈЗУ Институт за трансфузиологија. Таа ја искористила гужвата и невниманието на оштетената и со протнување на раката во ташната, која оштетената ја носела во левата рака, успеала да и го украде паричникот со пари, кредитни картички и други лични документи.

Второто кривично дело го извршила на 12 овој месец околу пладне на шалтерот во амбулантата за дијабетис, на тој начин што искористувајќи ја гужвата и невниманието на оштетената, која чекала пред шалтерот и со протнување на раката во ташната која ја носела на рамо, успеала да и го украде паричникот со пари и лични документи.

По извршувањето на второто кривичното дело пријавената била забележана од страна на полицијата и притоа е лишена од слобода и приведена во просториите на полициската станица Центар, каде е со неа е разговарано и расветлено и првото кривично дело.

 
 
19.01.2016 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега