Хан има план: СДСМ ќе учествува на изборите

Јоханес Хан е сериозно загрижен за ситуацијата во Македонија и е сосема свесен за сите ризици на кои е изложена земјата. Како што вели за НОВА висок извор од Европската комисија, комесарот и неговите соработници се разочарани што минатата недела во Скопје не бил постигнат договор.

На средината на февруари во Скопје повторно ќе дојде Хан со точен план во три точки како да ја натера опозицијата да учествува на изборите и како тие избори да бидат кредибилни. Како што пишува НОВА, планот на Хан предвидува чиста изборна листа. За таа цел, капацитетите на Државната изборна комисијаќе бидат зајакнати во секој поглед како што побара и самиот претседател на ДИК. Барање со кое Груевски, според изворот на НОВА, се согласил за време на последната рудна преговори минатата недела. Исто така, планот предвидува непречен пристап до сите медиуми на опозициските партии. СДСМ ќе може да има свои набљудувачи во Агенцијата за аудио-визуелни медиуми, и на крај, планот предвидува проверка на напредокот во подготовката на изборите заедно со земјите членки на ЕУ, ОДИХР, ДИК и македонските невладини организации кои се занимаваат со изборниот процес.

- Се разбира, на оваа проверка треба да учествува и опозицијата и комесарот и неговата екипа се надеваат дека СДСМ ќе им се придружи во проверката на подготовките. Треба да се знае дека ако комесарот констатира дека има било каков проблем во подготовките, тоа ќе биде отворено кажано и можете да бидете уверени дека ќе бидеме строги, вели изворот на НОВА.

На средбата во Скопје минатата недела ВМРО-ДПМНЕ предложила и датум во јуни за изборите но СДСМ тоа го одбиле. На ЕУ, вели изворот на НОВА, и треба стабилна Македонија која ќе напредува на европскиот пат за да може да се справува со сите предизвици како бегалците, спорот со името, економијата или невработеноста.

 
 
19.01.2016 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега