И го украле златото - ограбена куќата на пратеничка на СДСМ

За време на викендот, ноќта помеѓу 13 и 14 јуни, извршена е тешка кражба во куќата на Штипската пратеничка од редовите на СДСМ, Билјана Казанџиска, јави Канал 77.

Кражбата се случила во време кога семејството Казанџиски биле на сопствена семејна веселба. 

Крадецот ја исекол заштитната мрежа од позорецот на приземјето од куќата и влегол внатре. По претурањето, успеал да одземе поголема колична злато и околу 200 евра. 

Полицијата работи на откривање на сторителите. 

најчитано сега