Груевски без коментар до правосилноста на пресудата за Петковски

Премиерот Никола Груевски не сака да ја коментира пресудата која попладнево Граѓнскиот суд ја донесе во процесот кој тој го поведе против лидерот на НСДП, Тито Петковски за клевета. 
Од кабинетот на Премиерот за Press24 велат дека  Груевски нема да коментира детали и аспекти на пресудата до завршуањето на сите процесни судски фази и нејзината правосилност.
Попладнево Граѓанскиот суд пресуди Петковски да му плати на Премиерот оштета од 650.000 денари, откако утврди дека лидерот на НСДП го наклеветил премиеот кога во изјава за еден дневен весник, рече дека Груевски пред самитот на НАТО во Букурешт се согасил со промена на името во Република Макеонија - Скопје. 

најчитано сега