Лазаров: Хрватска заслужено победи

Македонскиот капитен Кире Лазаров вели дека Хрватска заслужено нѐ победи. Лазаров вели дека  го изгубивме натпреварот во првите 7-8 минути.

– Тие играа преку брз центар, бевме очајни и некоординирани. Желба и мотивација постоеше, тоа одговорно го тврдам, не можам да замерам на било кого. Мора што побрзо да го заборавиме овој меч, имаме четири дена слободни и да се скоцентрираме на наредните две средби. Со победа ќе го поправиме впечатокот кај љубителите“, изјави Кире.

Лазаров вели дека пред дуелот имало огромна мотивација и желба, па нема да замери на никого.

-Селекторот свесно нѐ одмори, нема што да се жалиме, со право нѐ седна на клупата кога не е наш ден. Кога не е добро, треба да се смени енергија на теренот и да се стават нови играчи, заклучи Лазаров.

 
 
21.01.2016 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега