Експлозија на електричните броила во Куманово

Вчера  околу 18,30 часот во Куманово на ул.„Васил Драгомански“, во подрумските простории од влезот, настанала експлозија на електричните броила при што дошло до прекин на електричната енергија. Од страна на станарите било излезено во ходникот при што бил забележан чад и мирис на запалена пластика. Од екипа на ЕВН исклучено е електричното напојување на енергија, додека од екипа на ТППЕ-Куманово пожарот е локализиран. Во пожарот нема повредени лица, а материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

 

 
 
24.01.2016 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега