Петар Арсовски: Најважно е на изборите да се победи “ферски”

Создавањето на услови за ферд и демократски натпревар и гаранцијата за тоа од меѓународната заедница ќе биде клучниот праметар за тоа во кој правец ќе се движи разрешницата на политичката криза. Поитичкиот аналаитичар, Петар Арсовски во интервју за Прес24, вели дека не е возможна суштинска стабилизација без поширок политички консензус, и затоа во тој контекст е важно учеството на СДСМ на изборите.

-Мислам дека доколку се исполнат условите за фер и слободни избори (за што во основа гарант е меѓународната зедница, а не ВМРО ДПМНЕ), и после тоа СДСМ повторно одбива да оди на избори, тогаш се отвора можноста за избори без опозицијата.  Но мислам дека ваквата опција би им наштетила на ВМРО ДПМНЕ ако одат на избори без опозиција, вели Арсовски во интервјуто за Прес24.

Арсовски потенцира дека теоретски можни и избори без опозиција, но смеета дека тоа е премногу страшно сценарио. 

-Меѓународната заедница сака брза политичка стабилизација и сака сите партии да учествуваат на изборите, но само ако претходно бидат уверени дека на тие избори би имало слободни и фер услови за политички натревар. Ако такви услови не постојат, тогаш опозицијата би била амнестирана од одговорноста за бојкот.  Оттаму формулациите за учество на сите партии секогаш кај меѓународната заедница се поврзани со условите за тие избори, и тоа е повик до сите партии за сопствениот дел од одговорноста, вели Аросовски

Тој оценува дека по изборите на СДСМ му следува процес на преиспитување на стратегијата и политиките на партијата. Во таква ситуација, Арсовски не ја исклучува опоцијата да се бара и враќање на Црвенковсии. Но, сепак смета дека на СДСМ му треба „ребрендирање“ по примерот на ВМРО ДПМНЕ

-Мораат да го сменат пристапот и стратегијата.  Мораат да се ребрендираат во партија која покрај своите слободарски идеали, ќе ги убеди граѓаните дека има капацитет и за менаџмент, програмски реформи, кадар и позитивни решенија.  Кога мислам на ребрендирање, мислам на промена на начинот на работа во поактивен, поприсутен, повеќе програмски ориентиран.  Мораат да го расчистат својот политички наратив, и да демонстрираат нов пристап кој граѓаните ќе го препознаат како автентично нова приказна, вели Петар Арсовски, политички аналитичар во интервју за Прес24.

ПРЕС24: Последната политичка ситуација во Македонија повеќе како да наликува на почетoк, отоколку на разврска на политичка криза. Дали решеноста на власта да оди на избори на 24 април, и отпорот на опозицијата да учествува на нив, ја види државата кон решение на политичката криза или кон нејзино продлаблчување?

АРСОВСКИ: Мислам дека не е возможна суштинска стабилизација без поширок политички консензус за коренити промени во начинот на кој се води политика во Македонија. Секако дека избори без учество на најголемата опозициска партија (а сега по некои најави и повеќе други партии) не само што нема да бидат стабилизација, туку дополнително ќе ја продлабочат политичката криза. Така ќе се вратиме на состојбата пред Пржинскиот договор и бадијала потрошивме и ние и меѓународната заедница и толку време и толку напор. 

Ние ваква ситуација имавме еднаш: СДСМ под приситок на меѓународната заедница еднаш ја повлече својата одлука за бојкот, и ете не повторно во уште подлабока криза.  Не е решение без чист терен избори.  Тоа само ја ескалира нетрпеливоста на политичките опоненти.

ПРЕС24: Кога ставува збор за владеачката коалиција, таму работите се поприлично јасни, но сепак дали ВМРО-ДПМНЕ би оделе на избори и без СДСМ?

АРСОВСКИ: Тие секако тоа го најавуваат. Мислам дека во наредниот период ќе следат дополнителни напори за обезбедување услови за барем делумно фер и слободни избори, и притиок кон сите партии на овие избори да учествуваат.  Мислам дека доколку се исполнат условите за фер и слободни избори (за што во основа гарант е меѓународната зедница, а не ВМРО ДПМНЕ), и после тоа СДСМ повторно одбива да оди на избори, тогаш се отвора можноста за избори без опозицијата.  Но мислам дека ваквата опција би им наштетила на ВМРО ДПМНЕ ако одат на избори без опозиција, а сите релевантни институции и меѓународната зедница да заклучат дека ни условите не се исполнети.

ПРЕС24: Од друга страна интересна е и одлуката на СДСМ, како што ЦО донесе одлука за одложено напуштање на партиципирањето во Владата и Парламентот? Дали тоа значи дека СДСМ сепак, остава простор за учество на изборите?

АРСОВСКИ: Мислам дека тие повеќе сакаат да покажат дека остануваат дел од процесот за реформи на изборниот и политички систем, како некаква трајна инвестиција во фер изборна амосфера. Не го толкувам тоа како кокетирање со учество на избори, иако ништо не е исклучено.  Исто така е многу важно придобивките од Пржинскиот договор, да не се растурат со актуелната ситуација.  Тоа е една од најглавните причини зошто сите партии треба да продолжат да учествуваат во процесот на реформи.

ПРЕС24: Доколку сепак се случи да има избори без опозиција, нешто што сигурно не го посакува власта, но во таква ситуација опозицијата сега нема да може да го продолжи оној серијал на „бомбардирање“. Или пак е можно некакво странично „пукање бомби“, ?

АРСОВСКИ: Избори без опозиција се теоретски можни, и не мислам дека тоа е премногу страшно сценарио.  Ние или суштински ќе го спроведеме договорот за политичка стабилизација, или бадијала “веземе”, и со последиците од половични решенија и политички финти треба сериозно да се соочиме. Во таков случај не исклучувм варијанта сите партии да се вратат на претходните позиции: владеачките партии да си го “врват карванот” а опозицијата да се врати на претходната кампања.

ПРЕС24: Она што од друга страна е интересно за анализа е одност на меѓународниот фактор. Тие имаат идентичен став, или како што вели Бејли, времето е кратко, но мора да се осиугураат фер и демократски избори за учество на опозицијата. Тоа практично значи дека странците му даваат ветар во грб на ВМРО-ДПМНЕ. Која е причината за таквиот однос на меѓународната заедница?

АРСОВСКИ:  Јас тука би ја истакнал формулацијата мора да се обезбедат фер услови за учество на опозицијата.  Меѓународната заедница сака брза политичка стабилизација и сака сите партии да учествуваат на изборите, но само ако претходно бидат уверени дека на тие избори би имало слободни и фер услови за политички натревар.  Ако такви услови не постојат, тогаш опозицијата би била амнестирана од одговорноста за бојкот.  Оттаму формулациите за учество на сите партии секогаш кај меѓународната заедница се поврзани со условите за тие избори, и тоа е повик до сите партии за сопствениот дел од одговорноста.

ПРЕС24: Можно ли е сепак да се случи некој вид на пролонгирање на изборите доколку ЕУ и САД притиснат, на пример кај ДУИ за таква опција?

АРСОВСКИ:  Пролонгирање е можно само ако се исполнат двава услови: 1. Пролонгирањето да овозможи суштинско подобрување на условите, значи новиот рок да овозможи доволно време да се исполнат услови за фер и слободни избори, и 2. Ако опозицијата гарантира дека по истекувањето на тој рок и исполнувањето на условите, таа би учествувала.  Едното без другото не може, било кој услов да не се исполни, нема поента во одложувањето.

Нема поента да се одложуваат изборите ако нема доволно дополнително време за да се завршат реформите, или ако и покрај одложувањето, нема доволно услови за опозицијата слободно да учестува на тие избори.

ПРЕС24: Ако се прави анализа за тоа која од партиите како пристапуваше во разрешницата на оваа криза во договоорот од Пржино. Како би го дефинирале одност на сите четири партии поединечно?

АРСОВСКИ:  Не би го дефинирал поединечно туку во пакет.  Партиите за жал се уште кон овие преговои настапуваат клиентелистички , а не суштински.  Секој влече на своја страна, и не разбираат дека нема стабилизација без секоја партија да се откаже од дел од својата територија и барања.  Стабилизацијата е возможна само со наоѓање заеднички содржател, а не со надигрување или со “победа” на некоја страна од преговорите.  Ако не се сите страни подеднакво задоволни, по некое време пак ќе имаме политичка криза.

ПРЕС24: Повлекувањето на Груевски до премиерската функца беше можеби најклучнито чекор во реализација на договорот од Пржино. Каков ефект тоа ќе има на терен?

АРСОВСКИ:  Засега никаков.  Мислам дека тоа за него беше правилен потег во смисла на политичка стратегија, зашто на овој начин голем дел од критиките дека ќе ескивира, нема да се повлече итн. се апсолвирани.  Но сметам дека ако веќе така постапил,  тогаш не е потребен дополнителен театар како оној за прозивка на министрите, кампањата на терен каде од позиција на претседател на партија најавува владини проеки и слично.  Тоа само му ја намалува вредноста на претходниот политички потег и повторно го отвара за критика на мешање на партијата и државата. Ако е пораката да се покаже кој уште владее со ситуацијата, добро, се уште е главен, свативме, во ред е.

ПРЕС24: Како и да е, изборите да бидат и на 24 април, или и во јуни, па дури и  во септември, испитувањата на јавното мислење покажуваат дека наместо да се подобрува на рејтинг листата, СДСМ секојдневно тоне. Очигледно дека се покажа дека нешто не штимаше во онаа „бомба политика“?

АРСОВСКИ:  Во оваа смисла мене воопшто не ме интересира рејтингот на било која партија.  Навистина не е важно кој ќе победи, важно е да побери “ферски”.  Стратегијата на опозицијата има и свои предности и свои слаби страни, но едно е факт: тие успеаа да го натераат ВМРО ДПМНЕ на отстапки кои претходно без незамисливи, притоа мислам дека дел од тие промени, како медиумите, избирачкиот список, специјалното обвинителство, воведуваат реформи се во полза на сите граѓани.  Сепак, опозицијата има уште многу работа ако сака да се натреварува како фаворит на изборите.

ПРЕС24: Во кој правец ќе се движи СДСМ по изборите. Вие во претходнот интервју за Пресс24, рековте дека на СДСМ му е потребно ребрендирање по примерот на ВМРО ДПМЕ. Се уште мислите дека тоа  е решението на СДСМ и како тоа ребрендирање би изгледало?

АРСОВСКИ: Се уште така мислам.  СДСМ постојано прави промени, но ако сакаат да бидат сериозен противник за ВМРО ДПМНЕ, мораат да го сменат пристапот и стратегијата.  Мораат да се ребрендираат во партија која покрај своите слободарски идеали, ќе ги убеди граѓаните дека има капацитет и за менаџмент, програмски реформи, кадар и позитивни решенија.  Кога мислам на ребрендирање, мислам на промена на начинот на работа во поактивен, поприсутен, повеќе програмски ориентиран.  Мораат да го расчистат својот политички наратив, и да демонстрираат нов пристап кој граѓаните ќе го препознаат како автентично нова приказна.

ПРЕС24: Можно е враќање на Црвенковски на голема врата во политиката?

АРСОВСКИ:  Мислам дека во СДСМ следи ново преиспитување на стратегијата и пристапот, во кое не исклучувам дека дел од нивните членови и активисти ќе бидат незадоволни од резултатот на целата стратегија на партијата последните 2 години.  Во таква сутиација, нормално е да се појави носталгија по Црвенковски, така што тој сигурно ќе биде “прозван” да се вклучи.  Дали ќе се активира повторно, тоа само тој го знае.

ПРЕС24: Можно ли е во овој вакум полутички простор до 24 парил да се случи некакво поместување на позициите меѓу Атина и Скопје?

АРСОВСКИ:  Искрено се сомневам во тоа.  На таа тема многу се шпекулира, но мислам дека ниту има време, ниту капацитет во овој турбулентен период да се отвора толку тешко прашање и кај Грција и во Македонија.  Мислам дека евентуални потези може да се очекуваат по парламентаните избори (ако останат во приближно овие термини).

ПРЕС24: Коинциденција ли е или можеби некаква најава за регионални полтички случувања, тоа што Србија ќе оди исто така на предвремени парламентарни избор на 24 април?

АРСОВСКИ:  Мислам дека е коинциденција, иако наративите се слични: одиме напред.  Искрено, не ми се допаѓа трендот, кој веќе стана манир во регионов, секогаш кога ќе се појави малку посериозна политички отпор кон актуелната власт, решението да се бара во нови избори.  Тоа е непринципиелен субститут за тековен политички дијалог.  Нови и нови избори се реафирмација на победа еден над друг, а политичкиот дијалог е принцип на тековна соработка и консензус по важните прашања.  Јас го претпочитам второто.

ПРЕС24: Во поглед на безбедноста во државата и регионот, особено со предизвикот на бегалската криза. Што може да се очекува оваа 2016 година?

АРСОВСКИ:  Бегалска криза со засилен интензитет.  Приливот се зголемува, а како што голем дел од земјите дестинации за мигрантите ги затвораат своите граници, ако не бидеме внимателни, Македонија може да се претвори во еден голем бегалски камп.  Таа криза во најава е една и ог главните причини зошто ЕУ не притиска за брза стабилизација.

М.Н.

 
 
25.01.2016 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега