Паника во ноќен клуб во Прилеп: Влегле со шипки и направиле хаос
Синоќа околу 9 часот и 45 минути, 43-годишниот Г.Р. од Прилеп кој е сопственик на ноќен клуб, пријавил дека во текот на ноќта дошле тројца насилници и направиле хаос. Се работи за В.К. З.Д. и Д.Н. кои биле пијани, и заминале од клубот без да платат сметка. Истите во 4 часот по полноќ се вратиле со маски на главата и ја скршиле влезната врата, со солзавец го испрскале и нападнале сопственикот, и со шипки во раце се движеле меѓу присутните со што предизвикале паника. Сите почнале да бегаат од локалот.
На сопственикот кој бил префрлен во болница му се констатирани тешки повреди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа