Тие заработуваат највеќе во Македонија

Податоците од Државниот завод за статистика за структурата за заработувачка, покажуваат дека во 2014-тата најплатени биле државните функционери

Тие имале просечна заработувачка од 342 денари на час, во октомври 2014-тата година. Веднаш после нив најплатени биле експертите со 232 денари на час, па научниците и на крајот службениците.

Преработувачите на храна, дрво, текстил и кожа се едни од најмалку платените, со 99 денари на час, додека помошниците за подготовка на храна просечно добиваат по 94 денари на час.

Пред минатата година мажите заработиле повеќе пари од жените. Просечната месечна заработувачка на мажите за октомври 2014-та изнесувала 32.869 денари, додека за жените изнесувала 29.979 денари.

Според старосните групи, најплатени се мажите на возраст над 60 години, со 37.425 денари и 35 до 39 години, со просечно 35.311 денари месечно. Кај жените, највисоката просечна месечна заработувачка се забележува кај оние на возраст над 60 години, со 37.561 денар и од 55-59 години, со 31.868 денари месечно.

Кога станува збор за работниот стаж, највисока заработувачка имаат мажите со 5-9 години стаж и жените со 15-19 години стаж, 36.651 денар и 35.866 денари, соодветно.

Просечната заработувачка за скратено работно време, пак, изнесува 11.158 на месечно ниво. Овде, жените имаат повисока просечна заработувачка – 11.360 денари. Мажите просечно заработуваат 10.939 денари месечно за скратено работно време

 
 
25.01.2016 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега