ФЕНОМЕН: Нафтата стана поевтина од водата - литар дизел колку едно Скопско пиво

Последниов период сме сведоци, како цената на суровата нафта постојано паѓа. Таа во моментов се наоѓа на најниско ниво, околу $30 по барел, анализира Економски.

Ако земеме во предвид дека еден барел е 159 литри, може слободно да се изведе заклучок дека еден барел е поевтин дури и од вода ($31) и млеко ($100) во малопродажба.

Прекумерната понуда на пазарот со нафта, дополнително ќе се зголеми со враќањето на Иран на глобалниот пазар, откако беа укинати санкциите од западните земји овој месец. Аналитичарите тврдат дека извозот на нанфта на овие држави би можел да достигне до 500,000 барели, со што се зголемува стравот дека залихите дополнително ќе се зголемат, а побарувачката да се намали.

Покрај тоа, ММФ ја намали прогнозата за раст на глобалната економија по трет пат за помалку од година дена, укажувајќи на наглото успорување на растот на економијата во Кина, со што е и намалена побарувачката за нафта, а со тоа е извршен и дополнителен притисок на нејзината цена.

Меѓународната агенција за енергија, која ги советува индустриските ориентирани држави околу енергетската политика, а со тоа предупредува дека глобалниот пазар за нафта може да остане со голема понуда и во текот на 2016 година .

 

Во Македонија, денеска Регулаторна објави дека литар нафта од полноќ ќе чини 39 денари. Толку чини и едно Скопско Пиво. 

 
 
25.01.2016 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега