Пресметале: Колкава е просечната плата во странските компании во Македонија

Просечната нето-плата во странските компании во технолошко-индустриските зони изнесува 16.143 денари (без превоз и хранарина, кои изнесуваат 5.000 денари) и 17.555 денари во странските компании надвор од зоните.

Ова го покажуваат податоците од анализата што Советот на странски инвеститори интерно ја спровел во компаниите што инвестираат во државата.

– Исплатата на бруто-платата во технолошките зони не отстапува од бруто-платата низ цела територија и таа е сразмерна со работните позиции и задачи на вработените. Раководните лица и средниот менаџмент на компаниите се подобро платени. Странските компании целосно ги исплаќаат придонесите за социјално и за пензиско осигурување – изјави Влатко Стојановски од Стопанска комора.

Според потпретседателката на Советот на странски инвеститори, Ирена Јакимовска, проблем на компаниите е да најдат соодветен кадар, па оттука вработените што ги имаат е најважниот капитал за фирмата.

– Од 1 јануари ги зголемивме платите на вработените, бидејќи тоа е нашата стратешка цел. На тој начин сакаме да го зголемиме животниот стандард на работниците – изјави Јакимовска.

 
 
25.01.2016 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега