Македонски државјани превезувале мигранти - полицијата ги фати

Синоќа во 19.00 часот на регионалниот пат Богданци-Дојран полициска патрола открила 2 случаи на криумчарење со мигранти.

Патничко моторно возило „фолксваген венто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С. (29) од штипското село Кучица, било натовално со 6 мигранти. Мигрантите и возачот се приведени. И возило „Форд“ со штипски регистарски ознаки во кое имало исто така шест илегални мигранти, возачот успеал да побегне.

Мигрантите се приведени во ПС за ГП и ГН-Богородица за понатамошна постапка.

 

 

 
 
25.01.2016 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега