Претпладне сонце попладне дожд - еве какво ќе биде времето утре

Утре времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови во западните делови од земјата ќе дојде до зголемување на облачноста и ќе има услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 21, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне значително облачно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно и топло.

најчитано сега