Од денеска возиме најевтин бензин во последните неколку години

Регулаторната Комсиија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати.  Според последната одлука, бензинот и дизелот се точат три ипол денари поевтино.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари за литар во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.01, и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,50 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 59,50 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 27,50 ден/лит.

 

 
 
26.01.2016 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега