Трагедија во Скопје: Камион усмрти скопјанец

 

Едно лице загина во сообраќајна несреќа која вчера попладен се случи на улицата „11 Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“. Во несреќата учествувале товарно моторно возило ТАМ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. По случената незгода пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде и покрај укажаната помош по извесно време им подлегнал на повредите.

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Покрај несреќата во која загина едно лице, се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Се случиле и седум сообраќајќи со последица материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 12 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и 20 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 
 
26.01.2016 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега