Крадците удрија по ракија во велешкото село Караслари

Во СВР Велес пријавена е тешка кражба во викенд куќа лоцирана во месноста викана „Карасларска Чука“ атар на село Караслари, сопственост на 62-годишен жител на Велес.
 
Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, денеска информира дека сторителот на 24. јануари годинава влегол во дворот од викенд куќата и со употреба на сила и работен алат насилно ја отворил влезната врата. Тој преку внатрешни скали се симнал во подрумските простории од каде одзел околу 350 литри ракија складирана во туби, стаклени шишиња и буре, а  одзел  и една вреќа во која имало околу 10килограми  бакар, по што заминал во непознат правец. 
 
Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, соопшти Стојковска, извршила увид на лице место и се преземаат мерки за расветлување на случајот. 
 
 
26.01.2016 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега