Секој Македонец должи по 1000 евра, а во банка чува скоро 2.000 евра

Заклучно со декември, само по основ на потрошувачки кредити, граѓаните во банките должеле скоро 939 милиони евра ( 938 699 186 евра) а по основ на станбени кредити, кај кои се забележува значаен пораст, физичките лица должат речиси 500 милиони евра. Вкупната кредитна задолженост на граѓаните изнесува 1,9 милијарди евра, анализира порталот Фактор.

Лани во декември вкупните депозити од граѓаните и компаниите изнесувале 4,95 милијарди евра. Податоците покажуваат дека депозитите на фирмите, заклучно со декамври биле 1,17 милијарси евра со пораст од 107 милиони евра. Компаниите лани добиле вкупно нови кредити од банките од 169 милиони евра, а најголем дел од нив, 89 милиони евра, биле одобрени во декември.

Статистиката вели дека секој граѓанин должи близу 1.000 евра, а во исто време има штеден влог од околу 2.000 евра.
Но тоа е само статистика бидејќи реалноста е сосма поинаква. Некои луѓе имаат огромни суми во банките, а некои се само големи должници. Не напразно се вели, има лаги, ужасни лаги и статистика.

 
 
26.01.2016 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега