ЕВН најави исклучување за утре: На овие места ќе бидат нивните екипи

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат дел од Аеродром, Чучер Сандево, Гази Баба и Карпош.

Во периодот од 8 до 15.30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. 23 Октомври во општина Аеродром,  од 9.00 до 15.00 часот, корисниците од село Мирковци во општина Чучер Сандево,  од 09.00 до 14.30 часот, корисниците од реон Гази Баба и од 9.00 до 15.00 часот, објектот на градинката Пролет во близина на ОУ Владо Тасевски, дел од ул. Јуриј Гагарин – подулица 4, како и дел од корисниците од ул. Миле Поп Јорданов – кула бр.14 и околните објекти во нејзина близина во општина Карпош.

Исклувањата се поради надградби на мрежата за подобрување на квалитетот во дистрибуцијата на електрична енергија.

 
 
27.01.2016 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега