Нов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста во Република Македонија дека на денешната 90-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија беше верификуван мандатот на новата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Милка Христова која на оваа позиција доаѓа на местото на пратеникот Емил Димитриев кој што беше избран за Претседател на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите. Г-ѓата Милка Христова доаѓа од Општина Делчево односно од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 3. Г-ѓата Милка Христова по професија е лекар специјалист по училишна медицина и примариус. Целокупното работно искуство го стекнува како лекар специјалист по училишна медицина во Општина Делчево.

Г-ѓата Милка Христова во два мандати ја извршуваше и функцијата Советник од редовите на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Делчево. Во овој момент таа е и актуелен Претседател на Комисија за здравство при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево. Истовремено, г-ѓата Милка Христова е и член на претседателството на Унијата на жени во Делчево.  

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изразуваме огромно задоволство што и Општина Делчево и нејзините жители, добија свој претставник во Законодавниот дом кој ќе се бори за остварување на нивните интереси и барања.

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на пратеничката Милка Христова и посакува успешно извршување на функцијата пратеник и сигурни сме дека ќе работи како вистински претставник на граѓаните во Собранието на Република Македонија и достоинствено и пожртвувано ќе ги застапува и брани нивните интереси.

 
 
27.01.2016 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега