Еве колкава била просечната нето-плата во ноември

Просечната исплатена нето-плата по вработен во ноември изнесува 21.976 денари и таа е зголемена за 1,8 проценти во споредба со тој месец претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемување од 2 проценти има и кај бруто платата која во ноември изнесува 32.268 денари.

Зголемувањето се должи пред се на секторите „Други услужни дејности“ каде има зголемување за 9,2 проценти, „Административни и помошни услужни дејности“ за 8,4 проценти и Градежништво за 7,1 процент. 

Во ноември 1.2 проценти од вработените во Република Македонија не земале плата.

 
 
27.01.2016 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега