Македонија со пораз од Белорусија го заврши настапот на ЕП во Полска

Машката ракометна репрезентација на Македонија со пораз го заврши својот настап на ЕП во Полска. 
 
На последниот меч на првенството одигран попладнево во Катовице, црвено-жолтите попладнево во бледо издание се  поразени од Белорусија со 29:30.
 
Во првиот дел резултатски дуелот беше израмнет, а Белорусите на пауза заминаа со гол предност 14:13. Во второто полувреме, македонските ракометари беа далеку од играта која ја посакуваа, па противникот имаше и шест голови предност. Иако на четири минути пред крајот црвено-жолтите стигнаа до израмнување, сепак до крајот на мечот противникот беше оној кој покажа повеќе желба за победата, па на крајот и заслужено Белорусите ја оствари. Најефикасен во нашата репрезентација беше капитенот Кирил Лазаров со 10 голови, додека Дејан Манасков постигна 4.
 
Македонија шампионатот го заврши без победа, со четири  пораз и два нерешени резултати. 
 
Во оваа група, остануваат да се одиграат уште две средби по кои ќе бидат познати и полуфиналистите. Во терминот од 18 часот и 15 минути во директен дуел за место во полуфиналето ќе се борат Франција и Норвешка. 
 
Вечерва од 20 часот и 30 минути ќе се игра и средбата меѓу Полска и Хрватска во која домаќините улогата на фаворит треба да ја потврдат со победа, а со тоа и пласман меѓу четирите најдобри на шампионатот. 
 
Табела: Норвешка 7 бодови, Франција 6, Полска 6, Хрватска 4, Белорусија 2 и Македонија 1.
 
 
27.01.2016 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега